490
Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на земјава Стево Пендаровски, потврдија од неговиот кабинет.
„Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји“, пишува во честитката што Вучиќ му ја испрати на Пендаровски.
Покрај Вучиќ, присуство на настанот потврдија и претседателите на соседните Бугарија, Албанија и Косово, Румен Радев, Илир Мета и Хашим Тачи.