Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски прослави 22 години брак со сопругата Надица, а на својот официјален профил објави нивна заедничка фотографија покрај море.
-Дваесет и две години брак, исто толку љубов, взаемна почит и семејство кое е инспирација за нови животни предизвици-напиша Димитриевски. Тие се родители на три деца, Милан, Вероника и Димитар, а Надица работи како наставничка во Куманово.
За љубовта и слогата во бракот, во постаро интервју таа раскажа дека зад себе имаат убави моменти, искушенија и предизвици. Откако Максим стапил на функцијата градоначалник, животот им станал подинамичен, но таа го следела во чекор.
-Функциите се менливи, а човечноста треба да биде доблест на сите, на крајот зад нас останува само сработеното- изјави Димитриевска пред две години.
Вики Клинчарова