Министерството за надворешни работи на Бугарија реагитраше по изјавите на македонскиот премир Димитар Ковачевски во кои тој односот на Бугарија кон Македонија го поистовети со оној на Русија кон Укрина.
„Неприфатливо да се користи грижата за основните права на одредена заедница како изговор за неосновани напади врз земја членка на Европската унија, реагира бугарското Министерство за надворешни работи по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во Советот за безбедност.
Бугарското МНР смета дека секоја аналогија со страдањето на украинскиот народ во сегашната неоправдана војна на Русија е цинична и недозволива.
„Изјавата на Ковачевски уште еднаш јасно го покажува вистинскиот однос на Скопје кон основните вредности на ЕУ и отфрлањето на правото да се реагира на постоечките недостатоци“, посочуваат од министерството.
Во соопштението се наведува дека особено загрижувачки во изјавата на Ковачевски е сугестијата дека доколку Северна Македонија не го продолжи патот на преговорите за влез во Европската унија, тоа ќе има негативно влијание врз Албанија.
„За разлика од Северна Македонија, Албанија целосно ги отвори пристапните преговори и брзината со која ќе напредува зависи исклучиво од нејзиниот напредок во реформскиот процес. Министерството за надворешни работи ги повикува властите во Скопје да покажат политичка храброст и да започнат со исполнување на обврските што ги презедоа пред сите земји-членки на ЕУ за завршување на фазата на отворање на пристапните преговори. Одговорноста за европската иднина на Северна Македонија е во нејзини раце“, се наведува и во ставот.