282
Зголемување на платите на наставниците ќе има во март следната година, а ако дозволи ребалансот на буџетот до крајот на 2025 ќе има уште едно покачување, најави министерката за образование Весна Јаневска. Таа уверува дека грчевито ќе се бори за повисоки плати на наставниците.
-Кога би можела, уште утре би им ја покачила платата, не за оние 12 проценти кои ги бара синдикатот. По можност 30, 40, 50 проценти. И нема дилема дека тие треба да имаат поголеми плати, јас само ги кажувам реалните можности, кажувам што наследивме од претходната власт. Ако таа министерка или било кои други министри правилно го планираа буџетот, може и немаше да имаме проблем – вели Јаневска.