Во текстот објавен на 11.07.2019 година, на нашиот портал, со наслов „ Кочо Анѓушев: Мои компании добија само два тендери откако сум вицепремиер“ погрешно е пренесена дел од изјавата на вицепремиерот Кочо Анѓушев дадена во интервју на МТВ. Пренесената изјава гласи:
„Од оние компании над кои можам да имам влијание откако сум на оваа функција имаат добиено еден тендер од 36.000 евра за заштитна мрежа на автопат и уште еден од 8.000 евра за изработка на медицински кревети. Претходно, последниот тендер го добив во 2016-та. На референтите на фирмите уште пред една година им забранив работата со државата да ја сведат на апсолутна нула и таа е апсолутна нула, рече Анѓушев.“
Во изјавата, извадена е од контекст првата реченица, каде се вели дека „Од оние компании над кои можам да имам влијание откако сум на оваа функција…“. Всушност, од оваа реченица може да се создаде впечаток дека вицепремиерот Анѓушев има влијание и врз други компании, а според кажаното во неговото интервју се однесува на компаниите во кои има сопственички удел дека имаат добиено само два тендери.
Се извинуваме за ненамерниот технички пропуст при парафразирањето на изјавата на материјалот во прилог, каде вицепремиерот Анѓушев од 36 минута зборува за оваа проблематика.