За опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесеното обвинение против три лица за пожарот во тетовската модуларна болница „не ги опфаќа вистинските виновници, туку лица кои се далеку подолу на прирамидата на одговорноста“.
Од партијата велат дека „тоа само покажува дека и случајот со модуларната болница, исто како и со трагедијата со Дурмо Турс и Беса Травел се водат без да се најде вистинскиот системски причинител, поради кои десетици животи беа предвреме згаснати“.
-Обвинителниот акт не ги дава одговорите која е улогата на министерството за здравство во изградбата на овие објекти, како од надлежните инспекции тие добиле дозвола да работат, која е одговоноста за материјалите од кои беше изграден објектот и редица на други фактори кои доведоа до трагедијата, соопштија од партијата.
-Тоа мора да престане. Вистинските виновници мора да одговараат и во случајот со тетовската модуларна болница и во секој друг случај, затоа што само така може да се изгради владеење на правото и правна држава, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавното Обвинителство подготви кривични пријави за едно правно и три физички лица, по трагедијата во тетовската модуларна болница во која починаа 14 лица.