Погребана Емилија Динева, жената која ја сплоти нашата земја

by Fokus

Денеска на гробиштата во дојранското село Сретеново беше погребана Емилија Динева, жената која ја сплоти целата држава.

Нејзиното срце и бубрези во текот на вчерашниот ден беа донирани за пациенти, а Иван, човекот кој го доби нејзиното срце, веќе се чувствува добро.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, кој некое време веќе живее во Сретеново, преку својот Инстаграм профил се збогуваше со Динева.

„Почивај во апсолутен мир, пријателке Емилија. И да знаеш. Твоето семејство не потсети што значи да се биде хуман и во најтешките моменти. Твоите најблиски покажаа колку големо срце имаат.  Срце големо колку просторот од твоето Јосифово, до нашиот единствен Дојран. Диневи, Ви се поклонувам до земја…“, напиша Џамбазов на неговиот профил.

Поврзани новости