500
Беше жив и здрав. Отиде во Грција да се одмори, но таму се случи трагедија. Дваесет и две годишниот Бурхан Латифи од Арачиново кој почина пред неколку дена на плажите на Грција денеска го погребaa, пишува Независен Весник.
Трагедијата се случилa кога едно дете побарало помош во морето, а Бурхан бил првиот што стрчал да помогне, но за жал не успеал да се спаси себеси и починал неколку минути откако неговото тело било извадено од морето.
Погребот на 22-годишниот се одржа на гробиштата на село Мојанци. Бурхан беше единствениот син на семејството Латифи.