677
Полицијата во домот на повозрасен жител на Крушево пронајде поголема количина оружје и боева муниција. Од Министерството за внатрешни работи велат дека по расчистување на случајот против него ќе има соодветен поднесок/
„Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера , по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител“, соопшти МВР.