Поголема плата за 30 отсто или ќе излеземе на улица, се заканија од Независниот синдикат на здравствени работници

by Fokus

Покачување на платата на здравствените работници за 30 проценти, нов колективен договор, бенефициран стаж на вработените во итна медицинска помош, рендген и психијатриските болници, додатокот за инфекција да се зголеми на 4 проценти и итна трансформација на договорите од определено, на неопределено време, бара Независниот синдикат на здравствените работници.

Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствените работници при Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Боби Бојчевски, на денешната прес-конференција посочи дека се во контакт со останатите синдикати од здравство за организирање протест и доколку по 20 септември нема одговор на нивните барања, ќе излезат на улица.

– Здравствените работници се донесени на маргините на живеење и едноставно се дискриминирани. Здравството е дојдено  на последната скалила на живеење. Затоа ќе повикаме сите заедно, сите сплотено да излеземе да си ги побараме правата за нормален живот во оваа држава. Повторно ќе пратиме известување до министерство и влада, ако нема одговор, не останува ништо друго, туку на улица, изјави Бојчевски.

Просечната плата на околу 25 илјади здравствени работници во земјава, истакна Бојчевски е под просечната во државата, посочувајќи дека почетната платата на здравствените работници е 20 700, на докторите е од 32 до 35 илјади, а специјалистите максимум до 45 илјади.

Поврзани новости