Поголема количина дрога откриена во камион на ГП „Богородица“, пресечен канал за шверц

by Fokus

Бирото за јавна безбедност при МВР и Царинската управа во заедничка акција откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица.

Неофицијално, на ГП „Богорoдица“ координирано бил пресечен канал за шверц на наркотична дрога. Тимови од Царина и полиција од синоќа на „Богородица“ вршат детални проверки на камиони.

Дрогата била пронајдена во камион со македонски регистерски ознаки, кој бил товарен со рециклирана отпадна хартија, според првичните информации во земјава влегол од Косово и требало да оди за Грција, па од таму кон Турција како веројатна крајна дестинација.

Повеќе детали за акцијата се најавуваат во текот на денот.

Заедничката меѓу институционална соработка и активности ја докажуваат определбата за борба против криминалот и корупцијата на секое поле.

 

Поврзани новости