Погоден бегалски камп во Газа, има жртви: Хамас го обвини Израел за нападот

by Fokus

Погоден е бегалскиот камп во Џебалија на северот на Газа, а се стравува дека има голем број загинати. Хамас веднаш ги обвини израелските сили за нападот, а официјален Израел соопшти дека случајот се истражува.

Хамас, без конкретни докази, тврди дека израелски проектили погодиле станбени згради во кои се наоѓа кампот. Велат дека на тој простор паднале шест бомби.

Има спротивставени информации за бројот на жртвите. Некои медиуми објавија дека загинале неколку лица, додека директорот на индонезиската болница во Газа за „Скај њуз“ тврди дека „стотици се убиени и ранети“.

На социјалните мрежи кружат фотографии и видеа, наводно направени во реонот на уништениот камп.

Хамас неодамна го обвини Израел дека целел на болница во Газа, што Израел го демантираше, посочувајќи дека се вели дека проектилот што ја погодил болницата потекнува од самата Газа и дека проектилот бил истрелан од Исламски џихад, што групата го негираше.

Ставот дека болницата не е погодена од израелски проектили го делат и бројни западни разузнавачки служби.

Поврзани новости