Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, го честиташе Рамазан Бајрам

by Fokus

Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаи, на муслиманските верници им го честита Рамазан Бајрам. Во својата честитка тој повика на мир, толеранција и солидарност.

-Жедта и гладот ​​во текот на месецот Рамазан ја зајакнаа нашата грижа кон човекот, така што денес на овој голем ден на Рамазан Бајрам сме посолидарни и похумани од кога било досега. И овој принцип теоретски и практично ги дефинираше чувствата на мир, толеранција, хуманизам и солидарност. Рамазан со своите вредности како и овој голем ден Рамазан Бајрам нè учат дека војната е туѓа во исламот додека мирот е најскапоценото нешто на човекот и неговата главна цел и сиот потенцијал на верниците да се стави во негување на мирот и благосостојбата меѓу луѓето… Честит Рамазан Бајрам, изјави Фетаи.

Поврзани новости