424
Францускиот фудбалер, членот на торински Јувентус – Пол Погба, повторно е позитивен на допинг тест и по проверка на втор примерок. Се соочува со суспензија од четири години, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Екс играчот на Манчестер Јунајтед првично беше тестиран по натпреварот против Удинезе, кога беше откриено дека има покачено ниво на тестостерон, пишува „Кориере дел Сера“.
Поради тоа му беше земен дополнителен примерок, но Погба и овојпат бил позитивен.
Интернационалецот од Франција се соочува со долгорочна суспензија. Неговиот договор со Јувентус истекува во летото 2026 година.
Триесетгодишниот Погба поради суспензија што му следува би можело и да ја заврши кариерата.