378
Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски во гостувањето во Студио 10 информираше дека од полноќ ќе следи поевтинување на горивата.
Бензините се намалуваат за 2 денари, а дизелот за денар и пол. Бенизнот 95 ќе биде 84,5 денари, бензинот 98 – 86,5 и дизелот 86,5 денари.
„Ние не можеме да влијаеме на крајните цени и не зависи од нас. Сега игра улога дизелот и бензинот кои паѓаат на светските берзи, но улога има паѓањето на курсот на доларот“, истакна тој.