Поетот, текстописец и професор по македонски јазик и литература, Ице Беличев (39) од Муртино, Струмица, е еден од кандидатите за членови на Совет на општината, од редовите на СДСМ.
На листата на СДСМ и коалицијата чиј носител е Марјан Даскаловски, Беличев се наоѓа на 9-то место.
Младиот поет е познат на пошироката јавност по голем број на стихозборки кои ги има издадено во изминатите години, а пред три години неговата песна ,,Горда мајка” која ја отпеа Благица Калева на фолк фестивалот ,,Валандово” го освои првото место.
За фестивалската победа, Калева и авторскиот тим добија статуетка златна калинка и парична награда од 1.500 евра. Негови текстови се најдоа и на албумот на фолк пејачот Горан Тодоровски, кој беше издаден пред две години.
Исто така, Беличев е автор и на повеќе песни за детски фестивали, и е познат како редовен учесник на литературни манифестации и поетски фестивали.
Пред две години ја доби годишната награда во областа на културата и книжевноста како признание од Општина Струмица.
Вики Клинчарова