Контроверзно разрешената претседателка, Весна Дамева, во интервју за „Фокус“ зборува за нејзиното разрешување, но и за нејзината борба против судиите, кои, како што вели, одработуваат за туѓи интереси, за поединци од политиката, за нивни приватни и партиски интереси. Открива дека имало почнато и други постапки за судии блиски до политиката
Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ФОКУС: За тоа што се случи во април, сè уште останаа многу неодговорени прашања. Кога бевте разрешена на 26 април, рековте дека со тоа се исполнети нечии желби и дека одредени луѓе од политиката ќе бидат и тоа како задоволни од ова? На кои луѓе од политиката конкретно мислите?
ДАМЕВА: Јасно е дека одредени поединци од партиите на власт, без оглед кои политички партии се на власт, настојуваат да ја имаат под свое судската власт како алатка и инструмент за спроведување на нивните лични, но и партиски интереси. Меѓутоа, демократскиот капацитет на секоја држава се мери според тоа колку судската власт е отпорна на влијанија, без оглед од кој ешалон на власта или кои политички партии доаѓаат.
ФОКУС: Зошто реакцијата за Вас беше толку жестока?
ДАМЕВА: Ќе си дозволам да кажам дека одредени поединци од политиката, најверојатно за првпат се сретнаа со отпор и затоа реакцијата беше жестока и во недостиг од аргументи и факти тие се најдоа затечени, па лично сметам дека со цел работите да не им избегаат од контрола уште повеќе, мораше веднаш да бидам отстранета од функцијата претседател на Судскиот совет.
Затоа, тоа беше сторено на еден избрзан начин, неподготвен, без план и стратегија, и тоа го потона угледот и достоинството на Судскиот совет, но последици трпи и државата.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.