Варијантата омикрон на вирусот SARS-CoV-2, чија најчеста форма е позната како BA.1, сега ги опфаќа речиси сите инфекции со корона вирус во светот, иако драматичното зголемување на случаите веќе го достигна врвот во некои земји.
Научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „близок роднина“ на омикрон варијантата позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија.
„Во Данска, каде што е некако доминантна, изгледа дека е 1 и пол пати позаразна оваа подваријанта од оригиналниот омикрон, кој беше позаразен од делта“, рече д-р Дипак Сривастава, претседател на институтот Гладстон.
ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД. Два случаи на БА.2 беа потврдени во округот Санта Клара минатата недела. Дали е полоша оваа подваријанта од омикрон или делта? д-р Сривастава објаснува: Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак претстои да го проучиме тоа“, рече д-р Сривастава.