Подобри услови за вадење на документи кај нас имаа 215 белосветски криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дела македонските граѓани, при валидни и важечки лични документи, се принудени да вадат нови заради власта на СДСМ, која ги обврзува да го сторат тоа до февруари.

„Едно просечно семејство за да извади нови документи треба да потроши над 180 евра, многу време и нерви. Сликите од редици на граѓани кои брзаат да извадат документи потсетуваат на некоја земја од третиот свет, каде што пред хангари, во девалвирачки услови под секое достоинство граѓаните чекаат редици со часови“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, за ова директна одговорност имаат Оливер Спасовски и владата на СДСМ.

„Патем да биде поапсурдно подобри услови за вадење на документи имаа 215 белосветски криминалци, нарко-дилери, убијци, мафијаши и слични ликови кои добија гланц нови пасоши од просториите на МВР со злоупотребен идентитет, пред само некое време. Тие криминалци имаа ВИП третман во споредба со македонските граѓани кои на дожд, ветер и студено време чекаат пред хангар да се сликаат за документ, бидејќи власта на СДС ги обврзува“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости