232
Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе обвинение против жител на Росоман, поради спречување новинари и сниматели да снимаат прилог за сообраќајна несреќа. Прво бил агресивен и ги навредувал снимателот на Телевизија 24 и новинарот на МРТ, а потоа со ногата удрил во сталакот на една камера и ја оштетил.
Инцидентот се случил на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман.