434
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот, на 16.10.2018 година, влегол во просториите на оштетеното правно лице „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“ и заканувајќи се на една вработена со пластичен пиштол, одзел пари во вкупен износ од 680.000 денари. На вработената и наредил парите да ги стави во неговиот ранец и да влезе во тоалетот, по што ја затворил вратата од тоалетот и избегал.
За обвинетиот, со Решение на Кривичниот суд Скопје, на сила се мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.