Бразилската сојузна обвинителка Ракел Доџ поденесе обвинение против претседателот Мишел Темер поради корупција и перење пари кои беа откриени во истрага за доделување концесии за пристаништа, соопшти нејзината канцеларија.
Темер, кој си заминува од функцијата на 1 јануари, е под истрага поради наводно примање мито во 2017 година за да одобри на две пристаништа да им се продолжат концесиите за 70 години.
Кабинетот на бразилскиот претседател соопшти дека тој ќе докаже оти немало неправилности и дека ниту една компанија не остварила незаконски профит.
На Темер може да му се суди додека е на претсеателската функција само ако Долниот дом на бразилскиот Конгрес изгласа да се дозволи судење, што нема да се случи пред тој да си замине од функцијата.
Обвинението ќе остане во сила и Темер најверојатно ќе мора да се соочи со него на почетокот од следната година.