719
Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против кардиохирургот Жан Митрев како физичко лице, како и против правниот субјект приватната болница “Жан Митрев”.
Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.
Според објаснувањето на надлежниот обвинител, Искра Хаџи Василева се прикривале клучни факти и на тој начин е создадена заблуда кај пациентите, кои се лекувале во болницата
Целта на обвинителството е докажување дека обвинетиот, во случајот Жан Митрев сакал да ги доведе во заблуда за прибавување против правна корист.
Ирена Мулачка