179
Државната изборна комисија (ДИК) информира дека по завршувањето на рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори 2025 година, до општинските изборни комисии се доставени вкупно 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници во општините и Градот Скопје. Во бројката се вклучени и кандидатурите поднесени од политички партии и оние од групи избирачи.
Најголем интерес е забележан во Град Скопје, каде се поднесени 18 кандидатури за градоначалник и 20 листи за членови на Советот на Градот.