Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков

by fokus

Поднесена е кривична пријава за убиство во обид за 40-годишниот Драганчо Стоименов познат како Дацо Белски, телохранител на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Пријавата вчера ја поднела Полициската станица Кочани до Основното јавно обвинителство во Кочани. Стоименов од петокот вечерта е во бегство, откако во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани со пиштол пукаше во 33 годишниот Драган Здравев од Кочани познат како Дач.

Надлежните од СВР-Штип информираат дека по Стоименов се трага, а на македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, којшто  беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница. Тоа беше повод и да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот  началник на СВР-Штип.

Осудените од кои дел со доживотни казни затвор тврдеа дека тие се жртви на Стоименов.

Поврзани новости