398
Падна првата оставка во Државната комисија за спречување на корупцијата по скандалот што изби за злоупотреби направени од членови на Комисијата. Поранешниот претседател, Горан Миленков, поднесе оставка, но без да ги наведе причините.
Горан Миленков претседаваше со Комисијата пред актуелниот претседател Игор Тантуровски. Ќе остане запаметен по тоа што одржа прес конференција по повод анкетниот лист на поранешниот премиер, Никола Груевски, на која ги молеше новинарите да не го чепкаат неговиот имот.
„Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме за век и векови амин“, изјави тогаш Миленков.