Подмладокот на СДСМ бара министерство за млади

by fokus

Намалување на бројот на министерства заради потребите на младите и формирање на Министерство за млади, институција што ќе биде сојузник и ќе ги спроведува младинските политики побара Марко Михаилоски, претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија на трибината Младина Иднина Европа.

-Дајте ни шанса да седнеме на иста маса и заедно со вас да ја обликуваме иднината. Рамо до рамо да бараме решенија за сите предизвици со кои се соочуваме. Во реформските процеси и исполнувањето на стратешките цели, сите треба заеднички да делуваме. Треба да бидеме гласни, храбри и сплотени. Да покажеме што сакаме и што бараме. Да се избориме за подобри услови кои утре, нема да ни дозволат да бараме решение надвор од границите на оваа земја со огромен потенцијал. Затоа што влогот во себе е влог во иднината на нашата земја, изјави Марко Михаилоски, претседател на СДММ.

Поврзани новости