Еразмус + КА101 проектот ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство “ Проект бр. 2020-1-МК01-КА101 – 077630 Општинско Основно Училиште ,,Љубен Лапе” Скопје реализираше проектни активности на Еразмус + КА101 проектот ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство “ Проект бр. 2020-1-МК01-КА101 – 077630 во периодот од 1 ноември 2020 до 31 октомври 2021 година.
Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции, но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.
Цели на проектот се: -модернизација на наставниот процес преку употреба на социјалните медиуми во наставата каде учениците ја користат технологијата позитивно и безбедно во нивниот секојдневен живот. -да се зголеми бројот на наставници кои користат социјални медиуми за поддршка при справување со случаи на меѓуврсничко насилство -да ги подобрат своите компетенции и ефективност во справувањето со малтретирањето преку употреба на социјални медиуми и дигитални образовни алатки и платформи, -да се развијат пристапи за подигање на свеста за спречување насилство од врсници и да се развијат практични пристапи за вклучување на справување со меѓуврсничко насилство во наставната програма -да се разберат предностите и недостатоците од користењето дигитални алатки и техники во наставата.
Во склоп на проктните активности беа реализирани две мобилности со наставници од училиштето на обуки со тема ,, Прифаќање на различностите и превенција на меѓуврсничко насилство и булинг” ,, Дигитални медиуми – Училница на иднината“. Во изминатиот период беа спреведени резултатите од проектот на кои наставници од училиштето Љубен Лапе беа обучени за користење на методи и техники за препознавање и спречување на меѓуврсничко насилство како и користење на дигитални алатки и платформи за учење за поефикасна и модерна училишна средина.
Освен наставниците од училиштето, проектните активности беа споделени и со училиштата од општина Аеродром , но и со други основни и средни училишта од Скопје, како и училиште од Куманово и Јегуновце. Во активностите беа вклучени и ученици кои изработија брошури и беџови со пораки против меѓуврсничко насилство, со користење на дигитални алатки. Како краен резултат беше објавена и електронска книга со најпопуларни и најчесто користени дигитални едукативни алатки како Прирачник за наставниците.
Во следниот период , по завршување на проектот се планирани и активности и работилници за да се подигне свеста за меѓуврсничкото насилство преку интернет и позитивните страни од користење на социјалните медиуми како и безбедно користење на истите.