Под влијание на влажен воздушен бран кој е во склоп со циклонската активност јужно од нас, односно во соседна Грција, каде очекуваме значително количество на воден талог и услови за локални поплавувања, денеска па така до крајот на денов и кај нас ќе имаме претежно облачно време. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ во јужната половина од државата.
Локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). На високите планини ќе има услови за врнежи од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец кој локално ќе засилува на интензитет.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени. Потоа во вторник се уште ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд претежно во претпладневните часови, додека во среда ќе имаме претежно стабилно и суво време, односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.
Веќе во четврток повторно ќе имаме променливо време и претежно на запад и север ќе има услови за локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури поради потоплиот воздух од југ ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Ќе започне да дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој особено во четврток локално ќе засилува на интензитет.
Подготви: Славчо Попоски