1.9K
Министерството за внатрешни работи наскоро ќе го отвори новиот пункт на кој ќе се вадат документи без закажување. Тој е во финална фаза на подготовки.
Информациите се дека деновиве се врши тестирање на системот и веќе од следната недела тој ќе биде пуштен во употреба.
Просторот ќе биде со 12 пунктови каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за новите лични документи.
Предвидено е фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или патна исправа.
Работното време ќе биде од 8 до 18 часот, а локацијата е во населбата Пролет, кај полициската станица.