Поддржувачите го спасија Сакашвили од апс

by fokus

Лидерот на украинската опозиција и поранешен претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, не заврши на распит откако беше уапсен утринава од неговиот дом во Киев каде полицијата вршеше претрес. Сакашвили беше ослободен од неговите поддржувачи кои го блокираа полициското возило во кое што требаше да биде превезен на сослушување.

Украинскиот опозиционер потоа ги повика своите следбеници да го окупираат плоштадот Мајдан.

Пред украинскиот парламент се одржува протест на опозицијата. Порошенко и неговите поддржувачи бараат оставка од украинскиот претседател Петре Порошенко.

-Време е да ја почнеме борбата за ослободување на земјата од Порошенко. Порошенко и неговите луѓе ги окупираа сите функции, мораме денеска да се собереме и мирно да му речеме на прламентот „доста е, бандата мора да си оди“ – им порача Сакашвили на демонстрантите кои го пречекаа со скандирање „импичмент“.

На бината излезе и поп кој пееше и го благославуваше собирот.

Поддржувачите на опозицијата кампуваат на плоштадот од 17-ти октомври. Денешните тензии започнаа откако утринава украинската полиција го уапси Саaкашвили под обвинение за „обид за соборување на власта“.

Властите информираа дека пред апасењето Сaакашвили се заканувал дека ќе се самоубие, откако полицијата се обидела да изврши претрес во неговиот стан. По упадот на полицијата во станот, Сaакашвили се качил на покривот на осумкатната зграда во која живеел и извикувал пароли против украинскиот претседател Петро Порошенко.

-Порошенко е крадец. Порошенко е измамник на украинскиот народ. Што и да ми се случи на мене, народе, ве повикувам да излезете на улиците и да продолжите со борбата. Недозволувајте незаконие и кражби од страна на Порошенко и неговата банда – извикувал Сaакашвили.

Десетици негови приврзаници се собраа на протест во близина на зградата. При обидот за негов транспорт до Обвинителството, приврзаниците на Сaакашвили го блокирале возилото.

 

Поврзани новости