Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вечерва објави неколку фотографии на фејсбук, од кои се гледа дека пред неговата куќа се собрале поддржувачи кои со запалени факели му изразуваат поддршка, а тој со мегафон им се обраќа.
Таравари покрај фотографиите и напиша:
„Промената започна“.
Тој се обратил пред насобраните поддржувачи, откако денеска пред неговиот дом беше оставен куршум.
„Знаев дека гласот на народот е за соработка со опозицијата. Тоа го заклучив зборувајќи со шефовите на ограноците, говорејќи на состанокот на Претседателството пред еден месец. Но, сега кога ја гледам поддршката од населението, сигурен сум дека ова мора да продолжиме, со што ќе им ја донесеме промената на Албанците. Среќен сум што ги имам луѓето со мене. Сега најмногу што им треба на Албанците е да им донесеме промени. Верувам дека на 8 мај заедно ќе славиме. На моето барање за соработка со опозицијата позитивно одговорија 70 отсто од парламентарците“,
рече Таравари пред неговите поддржувачи во Гостивар.