Сојузот на синдикатите на Македонија континуирано укажува на ниските примања на работниците во државата , посебно на работниците кои примаат минимална плата , со која не можат да ги задоволат основните потреби за себе и семејството вклучително и заминувањето на годишен одмор.
Во оваа насока ССМ ја поздравува мерката на Владата на Република Северна Македонија , за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000,00 денари.
ССМ ги повикува и охрабрува работниците да се пријават на јавниот повик да ја искористат оваа мерка .
Истовремено ССМ апелира до работодавачите за навремено исплата на регресот за годишен одмор на работниците .
Потенцираме дека освен зголемување на минималната плата, потребно е итно да се направи скалесто зголемување на платите на сите позиции, за да можат вработените самостојно да ги задоволат своите животни потреби .