Почувствувани уште четири послаби земјотреси околу Солун

by Fokus

Почувствувани уште четири послаби по земјотресот од 5,3 степени во близина на Солун.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри јужно од Неа Мудања и на околу 60 километри југоисточно од Солун, на длабочина од десет километри.
Најсилниот потрес беше проследен со уште четири малку послаби кои се движеле од 2,3 степени според Рихтеровата скала до дури 4,2 степени.

Костас Кокинидис, заменик-градоначалникот на Неа Мудања потврди дека нема извештаи за материјална штета иако епицентарот на земјотресот бил блиску до ова место, објави порталот „protothema.gr“.

Сеизмологот Герасимос Пападопулос рече дека сè уште е „прерано да се зборува за главниот потрес“:

„Утре ќе имаме повеќе докази и информации. Сè уште е рано да се зборува за голем земјотрес“, рече тој.

Поврзани новости