702
Во Вевчани со векови се спроведува девизата „Каде и да си, за Василица дома да си“. Вевчанци, раштркани низ светот, на 13 и 14 јануари секоја година по традиција се собирале во Вевчани за да го прослават заштитникот на Вевчани и на вевчанци – Свети Василиј Велики и доаѓањето на новата година по стариот календар со карневалот што, според преданијата, има традиција подолга од 14 века.
Најавени се најразлични маски од учесниците на карневалот, а во 9 часот, недела ќе се соберат, а потоа ќе минуваат низ сите селски улици каде ќе бидат пречекани од локалното население.
Со настап на рок групата „Архангел“, Неша од групата „ Галија“, Културно уметнички работници и ди-џеј Рутбој денеска почнува годинашниот Вевчански карневал.