На 28 ноември е закажано прво рочиште за случајот „Тврдина“, се вели во информацијата од Основниот суд Скопје 1.
„Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог против 7 лица осомничени за кривичното дело „фалсификување на службена исправа“ оформи предмет со К.бр.1905/16 и закажа рочиште за 28.11.2016 година во 11.30 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог. Веднаш по поднесување на обвинителниот предлог, СЈО поднесе и барање за изземање на надлежниот судија, кое барање во законски утврдениот рок беше одбиено од претседателот на судот, по што СЈО поднесе и жалба до Апелациониот суд Скопје, со што судот одби да го изземе судијата, по што по отстранувањето на сите попретпоставки за закажување на рочиште, истото е закажано на горенаведениот датум“, информира Основниот суд Скопје 1.