754
Во вторник во скопскиот Кривичен суд е закажано судењето за нападот врз министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за настаните во Собранието од 27 април, познат како крвавиот четврток, објави Сведок.
Јавното обвинителство на почетокот на август поднесе обвинение против напаѓачот на Шекеринска и тоа е еден од првите предмети кои се процесуираат за овие напади каде што беа повредени повеќе пратеници, новинари, вработени во Собранието.
Според обвинението, напаѓачот ќе одговара за сторено кривично дело – насилство за кое е предвидена казна затвор од три до десет години.