Во Кривичниот суд Скопје денеска, во 10 часот, почнува судењето за случајот „Плацеви на Водно“. Првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Предметот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.
Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“.
Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.
Камчев и Мијалков ќе бидат спроведени од истражниот затвор во Шуто Оризари, каде што се во притвор.