Почнува распустот за основците

by Fokus

Основците денес ја завршуваат учебната 2022/2023 година, додека учениците од средните училишта уште од петокот се веќе на распуст. Основците доучуваа уште неколку дена бидејќи второто полугодие стартуваше подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука.

Оваа учебна година заврши и без учебници за дел од предметите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири проблемот со учебниците како оној со македонски јазик за трето одделение го лоцира во недоволната заинтересираност на авторите да се пријават на повиците, па решенија ќе се бараат и преку подготвителни материјали. Тој уверува дека од први септември учебници ќе има, но се уште не може да најде кој ќе го напише учебникот по македонски јазик за петто одделение.

Откако беа поделени учебници со грешки, МОН сега ќе бара начин како тие да се сведат на минимум.

За разлика од лани од образование стигна информацијата дека годинава учениците навреме ќе ги добијат свидетелствата.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средно обраозвание ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до полноќ часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната на Министерството mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 23 јуни од 07.00 часот до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на веб страницата на Министерството за образование.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни, на огласната табла на училиштето и на интернет страницата на Министерството за образование.

Поврзани новости