350
Владата на денешната седница го усвои предлог закон за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу нашата земја и Косово.
Од владината прес-служба информираат дека Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи ќе биде доставен до Собранието на усвојување.