Почнува пријавувањето за вакцинацијата на деца од 15 до 17 години во Грција

by Fokus

Децата во Грција на возраст од 15 до 17 години, односно родени до 31 декември 2005 година од денеска можат да се пријават за доброволна вакцинација против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

За имунизацијата, што ќе се врши со вакцината на Фајзер потребна е согласност од родител или старател, кој воедно треба да го придружува детето во центарот на вакцинација.

Имунизацијата на тинејџерите е по зеленото светло од Комисијата за вакцинација, од минатата седмица.

Поврзани новости