Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител, кој треба да го замени Зврлевски

by Fokus

На денешната владина седница ќе биде изготвен предлогот заклучок за огласување на изборот за нов јавен обвинител, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.

Собранието на предлог на владата треба да го огласи именувањето нов јавен обвинител во Службен весник и уште во најмалку два дневни весника. Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена. Откако кандидатите ќе се пријават, Советот на јавните обвинители дава мислење по предлогот на Владата за именување на јавниот обвинител.

Во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата, Советот доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот. Ако не се произнесе во овој рок, течат нови 15 дена. Доколку и тогаш не се изјасни, тогаш се смета дека мислењето на Советот е позитивно. Владата, пак, до Собранието доставува предлог за именување јавен обвинител само од пријавените кандидати за кои Советот дал позитивно мислење, истакна Бошњаковски.

Како што веќе објави „Фокус“, доколку пак Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш владата нема право да поднесе предлог кандидат, туку може само да му предложи на Собранието да го повтори огласот, по што повторно ќе почнат роковите од 15 дена за изјаснување на Советот, па изборот да се пролонгира до бескрај.

Претходна статија

Поврзани новости