Денеска почнува новата учебна година, што ќе трае до 17 наместо до 10 јуни. Покрај зимскиот, основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај 2024.
Основците од трето и шесто одделение учебната година ќе ја почнат без учебници, бидејќи учебниците за шесто одделение се` уште се во фаза на одобрување, а новите учебници за трето одделение се одобрени и во тек е нивно постепено печатење и доставување низ училиштата, изјави вчра министерот за образование, Јетон Шаќири.
Според него, најголем дел од учебниците во основното образование се веќе испорачани до училиштата, а помал дел, претежно за новите учебници за шесто одделение уште трае процесот на одобрување и печатење. Шаќири вели рече дека одобрувањето и печатењето на учебниците треба да трае најдоцна до крајот на септември.
Во меѓувреме на учениците и на наставниците ќе им бидат достапни електронски помошни материјали.