465
Од денеска за жителите на Белгија почнува нова вакцинална кампања против Ковид-19, со вакцини адаптирани на сојот омикрон, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во пресрет на есента кога се очекуваат нови пикови на заразени од Ковид-19 властите од денеска повторно почнуваат со вакцинација на населението. Први на ред се лицата над 65 годишна возраст и лицата со коморбидитети или ослабен имунитет, како и здравствените работници. Посебно внимание им се дава и на бремените жени.
Вакцините што се нудат во оваа нова вакцинална кампања се главно адаптирани на новиот омикрон сој, по препорака на европските здравствени власти.
Над сто илјади граѓани веќе закажале вакцинација со нова доза, а испратени се 700 илјади покани.