444
Првостепената пресуда за овој предмет беше донесена во март минатата година и за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок” 16 обвинети беа осудени на вкупно 211 години затвор. Освен поранешниот директор на БЈБ, Чавков, меѓу осудените лица за наведеното кривично дело се и други припадници на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разунавање.
Судијката Добрила Кацарска, која го водеше овој случај во Кривичниот суд Скопје, при изрекување на пресудата рече дека Чавков и другите обвинити полициски службеници биле известени за се во однос на насилниот упад во Собранието, но не презеле ништо за да го спречат.