Почна кампањата за претседателските избори. Во трка за фотељата на вила „Водно“ седум кандидати. Кампањата ќе трае до 22-ри април на полноќ, а гласањето во првиот круг е на 24-ти април-среда, и е неработен ден. За парламентарните избори пак, 17 коалиции и партии и една независна листа, кои треба да ги потврди Државната изборна комисија.
Листи во сите шест изборни единици имаат СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ЗНАМ на Максим Димитриевски, ГРОМ на Стевчо Јакимовски, коалицијата на ДУИ, на албанската опозиција „Вреди“ и Левиц
Местата до реден број 7 на гласачкото ливче за 8-ми мај веќе се резервирани за партиите кои поддржуваат претседателски кандидат. За останатите, ДИК треба до 13-ти април да направи жрепка.
Изборниот караван на кандидатот за претседател Стево Пендаровски почнува со централен митинг во Прилеп. Претходно Пендаровски ќе ги посети Кривогаштани и Крушево. ВМРО-ДПМНЕ вечер пред Владата ќе одржи митинг, на кој ќе говорат кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи најави прес пред вила „Водно“, а Билјана Ванковска и Левица ќе се претстават пред струмичани. Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево.