441
На почетокот на неделава ќе бидат исплатени субвенциите за овоштарите и лозарите, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Изготвени се решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари што производителите ќе ги добијат на почетокот на неделава“, соопшти МЗШВ.
Освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.