Управата за јавни приходи ја започна исплатата на повратот на ДДВ кај физичките лица за скенираните фискални сметки во последниот квартал од 2020 година. Се враќаат парите за скенираните сметки во октомври, ноември и декември 2020 година, за што, според УЈП, ќе бидат вратени 6,1 милион евра.
Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милион евра.
Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, од УЈП апелираат граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на ЕПДД.