Во Клиничката болница во Штип во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен.
Директорот на КБ Штип, Владко Захариев изјави дека кај нив се донесени седум деца без знаци на живот.
„Во Штипската клиничка болница донесени се седум деца без знаци на живот. Тие се починати. Во моментов има седум тела во Клиничката болница во Штип. Во моментот е процесот на идентификација, четири се идентификувани од страна на полицијата, три тела се во процес на индентификација. И сега во моментот на тие што идентификувани, се потврдување од семејствата, изјави Захариев.
Од 03:30 до 05:00 часот во Клиничката болница во Штип биле донесени 80 пациенти и на сите им била направена тријажа.
„Донесовме одлука првин да ги праќаме тие пациенти што се со полесна клиничка слика, додека тие што ги пративме во клиниките во Скопје се пациенти кои беа покритични во моментот. По нивната стабилизација во консултација и координација со клиниките во Скопје со помош заедно на заменик министерот ги упативме во Државната болница, во ГОБ „8 септември“ и Градската општа болница, изјави Захариев.
Тој рече цел персонал е на работа во болницата и дека има доволно антиобиотици, завои, серуми…