Започнаа увидните дејствија во опожарената зграда во скопски Чаир, каде повеќе од триесет часа гореа подрумските простории, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Оттаму велат дека увидот се врши откако претходно полициските екипи обезбедија влез во објектот.
„Пристапот до објектот се врши строго контролирано и со присуство на станарите се врши попис на предмети и на штетата на становите“, велат од ОЈО Скопје.
Подрумските простории, каде избувна пожарот се уште се обеезбедуваат за пристап и за испитување на причинитее.
„Траењето на увидните дејствија на тереен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“, информираат од Обвинителството.
Пожарот во зградата на улицата „Серава“ во скопски Чаир избувна ноќта помеѓу 1 и 2 октомври, а беше активен повеќе од 30 часа.
Гореа подрумските простории на објектот, станарите беа евакуирани преку покривот, а зградата со посебни скали на противпожарно возило.
Поради вдишување чад, 40-ина лица побараа лекарска помош, а некои беа задржани на лекување на скопските клиники.